MK| EN

Сè од современата стоматологија!

закажете термин на:

(02) 3166-919 или на on-line
профил на
ординацијата
тимот на
Круна МС
видови
на услуги
совети за
здрава насмевка
пред и потоа RTG кабинет детски агол контакт

ANTI-AGING

Освежете го вашето лице лице со најновите третмани (хемиски пилинг, мезотерапија, дермални филери, филери за усни) кои се практикуваат во нашата ординација, овозможувајќи нова димензија на вашиот изглед по стоматолошкиот третман.

Хемиски пилинг Со отстранување на површинските оштетени и изумрени клетки на епидермисот, хемискиот пилинг ја изедначува текстурата на кожата и ја поттикнува обновата на еластичните влакна. Кожата добива помлад изглед, подобра текстура и тенот се изедначува. Пилинзите се контролирани и затоа се подобрува релјефот и структурата на кожата. Лесниот хемиски пилинг не остава никави траги, а кожата сјае веќе по првиот третман.

Мезотерапија Мезотерапијата е ефикасна, медицинска и традиционална метода со која активните  супстанции се инјектираат во средниот слој на кожата, познат како мезодерм. Коктелите за инјектирање се одредуваат по строго познати правила и протоколи и тоа зависно од состојбата која се третира, местото и ефектот кој сакаме да го постигнеме. Мезотерапијата е метода на прв избор кога се во прашање брчки, старење на лицето и рацете како и опуштен тонус на мускулатурата на лицето и вратот.

Дермални филери Хијалуронските дермални филери последните десет години станаа златен стандард кога станува збор за пополнување на лицето и бришењето на брчките. Хијалуронската киселина е природна материја која има голем удел во архитектурата на екстрацелуларниот простор на нашата кожа, има многу важна улога во балансот на водата со што обезбедува добра хидратација. Најважно е да се нагласи дека со дермалните филери се овозможува постигнување и одржување на природниот изглед на контурите на лицето.

Се користи кај луѓето над 25-годишна возраст за поплнување на брчките и ревитализација на кожата и тоа во зоните околу очите, челото, образите, назолабијалните бразди (од носот до усните), може да се користи за зголемување на усните како и корекција на контурите на долниот дел на лицето.

Предноста е веднаш видливиот резултат. Усни Филерите ја поддржуваат и надополнуваат природната функција на усните и допринесуваат за нивен врамнотежен изглед. За повеќе здрави, меки и хидрирани усни се препорачува редовна и совесна употреба на филери за обликување и пополнување на усните. Toa e суптилна, стручна медицинска процедура која ТРЕБА да ја изврши високообразуван специјалист кој ги познава анатомијата и морфологијата на усните, како и правилата за хармонија на лицето и усните.

Изгледот на усните може да се подобри со следното:

- дефинирање на линиите на усните
- елиминирање на брчките
- елиминирање на хоризонталните бразди/линии на брадата
- разумно пополнување и повеќе нагласено дефинирање на усните
- пополнување на браздите каде минуваат нервите во пределот на устата
- ревитализација на линијата на горната усна
- намалување на брчките при смеење
- корекција на аглите на устата

Стоматолошка ординација - Круна МС © 2017. Сите права се заштитени. web design and
development: