MK| EN

Сè од современата стоматологија!

закажете термин на:

(02) 3166-919 или на 071 266 919
профил на
ординацијата
тимот на
Круна МС
видови
на услуги
совети за
здрава насмевка
пред и потоа RTG кабинет детски агол контакт

ЕСТЕТСКА СТОМАТОЛОГИЈА

Луѓето ја забележуваат убавата насмевка. Таа е без сомнеж најважната алатка за социјализација со луѓето и е централниот елемент во комуницирањето, а кога таа блеска, луѓето зрачат со самодоверба, задоволство и среќа. Денешните напреднати постапки на естетската стоматологија можат да ја претворат Вашата насмевка со прекрасни, бели и убави заби.

Естетската стоматологија ја подобрува убавината и здравјето на Вашата насмевка:

- Ги затвора просторите помеѓу забите;
- Ги избелува и ја менува бојата на забите;
- Ги корегира поткршените и истрошените заби;
- Ја корегира неправилната форма на забите;
- Ги надополнува забите кои недостигаат во низата;
- Ги заменува старите пломби на забите;


Убавата насмевка може да Ви го промени животот; може да направи да изгледате и да се чуствувате помлади, поатрактивни и да Ви ја зголеми самодовербата. Подготвени сме да ги имаме в предвид сите грижи, надежи и соништа кои ги имате, со цел да ја создадеме перфектната насмевка која ја барате. Во зависност од тоа каква сакате да Ви биде насмевката, ние вршиме процена и развиваме план за третман за да се постигнат резултатите кои ги посакувате.


Третманот може да вклучи:

- Естетски пломби во боја на забите/не-метални пломби;
- Естетски порцелански пломби - инлеи;
- Разубавување на насмевката со ламинати;
- Порцелански коронки и мостови;
- Избелување на забите.

Стоматолошка ординација - Круна МС © 2017. Сите права се заштитени. web design and
development: