MK| EN

Сè од современата стоматологија!

закажете термин на:

(02) 3166-919 или на 071 266 919
профил на
ординацијата
тимот на
Круна МС
видови
на услуги
совети за
здрава насмевка
пред и потоа RTG кабинет детски агол контакт

ЛАСЕРСКА СТОМАТОЛОГИЈА

Ласерската стоматологија подразбира користење најнова технологија во разни полиња од стоматолошката пракса и третман. Иако допринесува во огромна мера за прецизноста на третманот и значително ги намалува болката и периодот на заздравување, оваа технологија сéуште се наоѓа на прагот на стоматологијата. Статистиката укажува дека само 5% од стоматолошките ординации се опремени со ласери. Ласерската стоматологија е нова техника која ја зголемува прецизноста на третманот и во голема мера ги намалува болката и времето на заздравување.

ЗОШТО ЛАСЕРСКА СТОМАТОЛОГИЈА?

За некои, ласерската стоматологија претставува прецизен и ефикасен начин на изведување стоматолошки процедури. Стоматолозите кои преферираат исклучителна безбедност и комфор во работата може да се одлучат за оваа опција.

Потенцијалот кој што оваа технологија го има на полето на усовршен стоматолошки третман е резултат од прецизноста на ласерот, контролата што стоматологот ја има над апаратот додека ракува со него и намаленото време на изложеност на пациентот.

Најголеми придобивки од ласерската стоматологија се:

Кај процедурите изведени со ласер најчесто не се потребни финални шевови на местото кое се третира. За одредени зафати изведени со ласер не е потребна апликација на анестезија. Со ласерот се намалува крварењето, бидејќи зракот ја потпомага коагулацијата на крвта и на тој начин доаѓа до помала загуба на крв. Опасноста од бактериски инфекции е исто така намалена, бидејќи зракот го стерилизира местото кое се третира. Оштетувањето на околното ткиво се доведува до минимум. Оперативните рани заздравуваат побрзо и ткивата можат да се регенерираат

ПРИДОБИВКИ ОД ЛАСЕРСКАТА СТОМАТОЛОГИЈА

Ласерската стоматологија отвора можности за извршување оперативни зафати кои без оваа технологија не би биле можни. Ласерот е воведен во употреба во следниве процедури:

Бенигни тумори: Ласерската технологија може да се употреби за безболно отстранување (и отстранување без засекување и зашивање) на бенигни тумори од непцата над забите, непцето, внатрешниот дел од образите и усните. Откривање на кариес: ласерите со послаб интензитет кои се употребуваат за третман на меки ткива може да ги прочитаат создадените нуспродукти и на тој начин да се искористат за рано откривање на кариес. Преглед на ткивата од забите и непцата: е побезбеден начин на преглед на внатрешноста на забите и непцата. Херпеси: денталните ласери со низок интензитет ја намалуваат болката и го намалуваат периодот на заздравување. Издолжување на коронката: ласерите можат да го обликуваат ткивото на непцето и коската за да се открие поголем дел од здравата структура на забот. Оваа процедура се нарекува издолжување на коронката и има цел да создаде појака основа за реставрација на забот. Френулум: ласерската френектомија е идеална опција за третман на френулумот кај децата (чиј јазик е прилепен) и бебињата кои не можат да цицаат поради ограничената можност да го движат јазикот. Ласерската френектомија исто така помага при решавање на одредени пречки во говорот. Тумори на гингивата (епулис): Туморите на гингивата најчесто се јавуваат како последица од лошо поставени забни протези. Во овие случаи ласерот се користи за безболно отстранување на мекото ткиво од туморот, при што не се потребни шевови. Белење на забите: ласерите со низок интензитет кои се користат за третман на меките ткива исто така се користат и за процесот на белење на забите. Спуштени непца: денталните ласери се користат за повлекување на непцата над забите, при што здравата структура на забот доаѓа до израз и се разубавува насмевката на пациентот.

Денталните ласери не се соодветни за употреба во работата со амалгамски пломби, цемент или коронки.

Стоматолошка ординација - Круна МС © 2017. Сите права се заштитени. web design and
development: