MK| EN

Сè од современата стоматологија!

закажете термин на:

(02) 3166-919 или на 071 266 919
профил на
ординацијата
тимот на
Круна МС
видови
на услуги
совети за
здрава насмевка
пред и потоа RTG кабинет детски агол контакт

УЛТРА ТЕНКИ ПОРЦЕЛАНСКИ ЛАМИНАТИ

Дали сонувате за нова насмевка?

Дали сакате побели, поголеми, помладешки заби? Дали при тоа сте загрижени за стружењето на забите и отстранувањето на здравата глеѓ од забите? Дали се плашите од болката и анестезијата?

Доколку е така, ние ви ги претставуваме ултра тенките порцелански ламинати кои нудат естетика без стружење на забите, без болка и без анестезија.

Ултра тенките порцелански ламинати ги затвораат просторите меѓу забите Ултра тенките порцелански ламинати се дебели само 0,2-0,3 мм Ултра тенките порцелански ламинати можат да се отстранат кога сакате Без болка, без стружење, без анестезија Со оваа технологија луѓето не го губат природниот заб Новина е што забот повторно изгледа природно

Ултра тенките порцелански ламинати се тенки порцелански лушпи кои целосно го менуваат ликот и бојата на вашите заби. За само 48 часа ќе имате нова насмевка без анестезии, стружење на забите, без болка и со само 2 посети на нашата ординација.

Нивната дебелина се движи околу 0,2 до 0,3 мм, а овој тип ламинати најчесто се користат за корекција на бојата и формата на забите и за затворање на дијастемите (празнини) помеѓу забите. Добрата вест е тоа што доколку еден ден посакате да се врати вашата стара насмевка, тоа е можно на многу лесен начин. Едноставно треба да дојдете во нашата ординација и ние безболно ќе ги отстраниме.

Холивудска насмевка екслузивно во Круна МС

Стоматолошка ординација - Круна МС © 2017. Сите права се заштитени. web design and
development: