Порцеланските коронки се најчестото протетско решение кога се работи за функционално или естетско оштетување на забот. Се изработуваат од порцелан кој успешно ја имитира бојата на забот, го штити забот од понатамошно пропаѓање. Со нив успешно се корегира и бојата и изгледот на забот со цел постигнување на убава и природна насмевка. Формата, големината и бојата секога се прилагодуваат индивидуално на потребите на секој пациент посебно така што изгледаат сосема природно и се скоро идентични на природните заби. Тие се биокомпатибилни и не предизвикуваат алергиски реакции. За долготрајност на порцеланските коронки потребна е континуирана добра орална хигиена.
1. Циркониумски коронки;
2. E-Max;
Овие коронки се идеални за пациентите кои бараат совршена насмевка или имаат тесен простор меѓу забите. Бидејќи се изработени само од порцелан, значително се полесни, материјалот е биомпатибилен и благопријатен за околните ткива. Имаат долг век на траење, а единствен недостаток е што бараат поголема грижа.Доколку неправилно се оптоварат може да дојде до нивно оштетување.
Циркониумот има три големи предности и тоа:
1.Цврстина - циркониумските коронки траат повеќе од останатаите типови на коронки
2.Естетика - овие коронки имаат атрактивна транслуцентна боја со ист сјај како и кај природните заби.
3.Потребно е помалку одземање од масата на забот при нивната изработка.
ТИПОВИ НА ПОРЦЕЛАНСКИ КОРОНКИ
Порцеланските коронки со метална основа
Порцеланските коронки со метална основа се најчесто употребуваните протетски изработки и се користат кога сакаме да се корегира формата, бојата, разни пукнатини или неправилности на забите. Основата е изработена од метал кој е целосно биокомпатибилен, со еластицитет и механички својства што одговараат на потребите во стоматологијата, и фасета целосно од порцелан која што ги репродуцира изгледот, бојата и функцијата на природниот заб. Основната предност на овие коронки е металот кој како подлога дава голема цврстина на коронката и затоа овој тип на коронки најчесто се користи за покривање на премоларите и моларите, односно во регијата каде имаме јак џвакопритисок.Безметални порцелански коронки
Овој тип на коронки спаѓа во групата на козметски коронки кои се изработени целосно од порцелан, имаат висока естетика, сјај и транспарентност како природните заби. Тоа спаѓаат во групата на ТОП кавлитени коронки кои траат со години. Се изработуваат со различни техники зависно од материјалот кој го употребуваат. Постојат два типа:1. Циркониумски коронки;
2. E-Max;
Овие коронки се идеални за пациентите кои бараат совршена насмевка или имаат тесен простор меѓу забите. Бидејќи се изработени само од порцелан, значително се полесни, материјалот е биомпатибилен и благопријатен за околните ткива. Имаат долг век на траење, а единствен недостаток е што бараат поголема грижа.Доколку неправилно се оптоварат може да дојде до нивно оштетување.
Циркониумски коронки (zirconia)
Циркониумот е еден од најкористените материјали во стоматологијата пред се заради исклучителната цврстина, отпорноста на абразија и кршење, целосната индиферентност кон живите ткива и биокомпатибилност, како и исклучителната естетика. Транспарентноста и рефлексијата на светлина е скоро идентична како кај природните заби и не се менува со текот на времето па така естетските придобивки се и долготрајни. Исклучителните механички, хемиски како и естетски својства се причината за широката употреба на циркониумот во естетската стоматологијата денес. Бидејќи механичката отпорност се постигнува со дебелина од 0.4 мм, потребно е помалку одземање од масата на забот при нивната изработка.Циркониумот има три големи предности и тоа:
1.Цврстина - циркониумските коронки траат повеќе од останатаите типови на коронки
2.Естетика - овие коронки имаат атрактивна транслуцентна боја со ист сјај како и кај природните заби.
3.Потребно е помалку одземање од масата на забот при нивната изработка.
E-MAX коронки
Овие коронки спаѓаат во групата на безметални коронки заради својата транслуцентна боја која е иста како и кај природните заби, а сето тоа во комбинација со екстра цврстина и долготрајност. Се изработуваат од едно блокче на литиум дисиликат, материјал кој што по изглед и механички својства е најблизок до прородните заби. Овозможува изработка на порцелански коронки и ламинати со репродукција на сите анатомски и визуелни ефекти на природниот заб и буквално не се разликува од нив. Бидејќи имаат супериорна естетика најчесто ги предлагаме за изработка на предните заби, кад ебуквално не се забележуваат во споредба со природните заби. Тие се цврсти , долготрајни и помалку подложни на фрактури или поткршувања. Компатибилни се со околното ткиво и не се појавува сивиот раб како кај метал-порцеланските коронки.
Доколку недостасуваат еден или повеќе заби од забниот низ освен естетски се појавуваат и сериозни функционални проблеми како: отежнато џвакање, неправилна поставеност и пропаѓање на соседните заби и пореметување на комплетниот загриз во устата. За да се спречи ова мора да се изработат мостови кои всушност се група на поврзани коронки кои ги надоместуваат изгубените заби и ја возобновуваат нормалната функција и естетика на забниот апарат.
1. Цврстина – циркониумските мосотви траат повеќе од останатаите типови на мостови
2. Естетика: овие мостови имаат атрактивна транслуцентна боја со ист сјај како и кај природните заби
3. Потребно е помалку одземање од масата на забот при нивната изработка.
Грижата за овие мостови е иста како и кај природните заби.
ТИПОВИ НА ПОРЦЕЛАНСКИ МОСТОВИ
Порцелански мостови на метална основа
Порцеланските мостови изработени со метална основа се најчесто употребуваните протетски изработки и се користат кога сакаме да се корегира формата, бојата, разни пукнатини, неправилности на забите и кога сакаме да премостиме делови во оралната празнина каде недостасуваат повеќе заби. Основата е изработена од метал кој е целосно биокомпатибилен, со еластицитет и механички својства што одговараат на потребите во стоматологијата, и фасета целосно од порцелан која што ги репродуцира изгледот, бојата и функцијата на природниот заб. Основната предност на овие мостови е металот кој како подлога дава голема цврстина и затоа овој тип на мостови најчесто се користат во бочната регијата каде имаме јак џвакопритисок.Циркониумски мостови (zirconia)
Циркониумот е еден од најкористените материјали во стоматологијата пред се заради исклучителната цврстина, отпорноста на абразија и кршење, целосната индиферентност кон живите ткива и биокомпатибилност, како и исклучителната естетика. Транспарентноста и рефлексијата на светлина е скоро идентична како кај природните заби и не се менува со текот на времето па така естетските придобивки се и долготрајни. Исклучителните механички, хемиски како и естетски својаста се причината за широката употреба на циркониумот во естетската стоматологијата денес. Бидејќи механичката отпорност се постигнува со дебелина од 0.4 мм, потребно е помалку одземање од масата на забот при нивната изработка. Циркониумот има три големи предности и тоа:1. Цврстина – циркониумските мосотви траат повеќе од останатаите типови на мостови
2. Естетика: овие мостови имаат атрактивна транслуцентна боја со ист сјај како и кај природните заби
3. Потребно е помалку одземање од масата на забот при нивната изработка.
Грижата за овие мостови е иста како и кај природните заби.
Порцеланските ламинати се тенки лушпи од безметална керамика кои ја покриваат само предната, видлива страна на забот и е потребно минимално состружување на забот. Се користат за естетски корекции на забите како што се промена на изгледот, формата или бојата на забите, затворање на празнини-дијастеми помеѓу забите или реставрација на скршени делови на забот.
Со нив се добива највисока можна естетика со минимална интервенција. Се изработуваат за 2 до 3 дена и со само две посети на ординацијата се добива перфектна насмевка. Со безметалните порцелански изработки естетската стоматологија се доближи до своето совршенство.
Бидејќи овие ламинати се потенки од класичните, техничката изработка бара скапа технологија и голема вештина и уметност на забниот техничар. Со ултра тенките порцелански ламинати се постигна главниот императив во стоматологијата – зачувувањето на природната забна структура.
Со нив се добива највисока можна естетика со минимална интервенција. Се изработуваат за 2 до 3 дена и со само две посети на ординацијата се добива перфектна насмевка. Со безметалните порцелански изработки естетската стоматологија се доближи до своето совршенство.
Ултра тенки порцелански ламинати
Тоа е најновиот тренд на современата стоматологија – совршен изглед без никаква интервенција и стружење на забите, без болка и анестезија. Тие се многу танки лушпи со дебелина од 0,2 до 0,3 мм кои ги корегираат сите несовршености на забите без губење на природното забно ткиво.Се изработуваат за 2 до 3 дена со само 2 посети на ординацијата. При првата посета се прави планот на терапија во согласност со желбите на пациентот, се зема отпечаток и во нашата лабораторија се изработуваат ламинатите исполнувајќи ги желбите и очекувањата на пациентот а притоа спазувајќи ги индивидуалните карактеристики на забите на секој пациент.Бидејќи овие ламинати се потенки од класичните, техничката изработка бара скапа технологија и голема вештина и уметност на забниот техничар. Со ултра тенките порцелански ламинати се постигна главниот императив во стоматологијата – зачувувањето на природната забна структура.
Протезите се најпопуларното решение кога недостасуваат сите, или делумно сите заби во усната шуплина.
Постојат два типа на протези:
1. Парцијални протези кои се препорачуваат кај пациенти кои имаат заби во поедини регии во устата;
2. Тотални протези кои се препорачуваат кај пациенти со тотална беззабост.
1. Парцијални протези кои се препорачуваат кај пациенти кои имаат заби во поедини регии во устата;
2. Тотални протези кои се препорачуваат кај пациенти со тотална беззабост.