MK| EN

Сè од современата стоматологија!

закажете термин на:

(02) 3166-919 или на 071 266 919
профил на
ординацијата
тимот на
Круна МС
видови
на услуги
совети за
здрава насмевка
пред и потоа RTG кабинет детски агол контакт

ДИГИТАЛНАТА РЕНТГЕНОГРАФИЈА

Современата стоматологија денес не може да се замисли без рентген панорамската слика која има важна базична улога во дијагностицирањето на различните патолошки промени на забите, виличните коски и лицевите коскени празнини ( синуси, орбита и носна празнина ). Само на тој начин се постигнува целосен, одличен и траен резултат во лекувањето на пациентот. Многу од промените кои се локализирани во внатрешноста на забите или во коските, а кои се уште не предизвикуваат никакви проблеми не ќе можат да се забележат без рентген панорамикс слика.

Како потсетување, рентген панорамикс сликата е неопходна при:

Првиот преглед на пациентот; При протетско, ортодонтско и хируршко планирање; Детска стоматологија; Дијагностицирање на кариес; Дијагностицирање грануломи, цисти, дифузни воспаленија, фокуси, остеомиелити, полуимпактирани или импактирани заби; Пародонтологија; Деформитети на вилиците (асиметрии, мандибуларен и максиларен прогнатизам, малоклузии); Трауми и фрактури на вилиците и забите; Комплетен преглед на ТМЗ; Тумори на вилиците (бенигни и малигни ); Преглед на параназалните синуси; Преглед на носните отвори; Преглед на средниот лицев скелет (максила, зигоматична коска и орбита).

Систематската анализа на рентген панорамикс сликите покажува дека приближно на една третина од нив се откриваат случајни наоди кои дотогаш не предизвикале потешкотии кај пациентот и кои лекарот не можел да ги открие при вршењето на прегледот.

Во современата рентген дијагностика се повеќе се користи дигиталната рентгенографија како врвна технологија која го забрзува третманот и придонесува кон подобра и поефикасна дијагноза.

Предности на дигиталната рентгенографија

пациентите се изложени на
90% помалку озрачување,
отколку при традиционалните
рентген слики

процесот е побрз и
поефикасен и за
докторот и за пациентот

дигиталната слика
веднаш е достапна
за гледање

сликите можат да се дообработат за
да се постигне подобра прегледност
и да се зголемат до максимум за
анализирање и на најситни детали

сликите можат да се чуваат во
електронската архива во вашиот
компјутер или преносен диск
и ви се постојано достапни за работа

за развивањето на овие слики
не се користат хемикалии
како во традиционалниот
процес на развивање.

Како функционира дигиталната рентгенографија?

Во овој процес не се користи филм, туку сензор , поврзан директно со компјутерот. Рентген дигиталниот панорамикс апарат едноставно ротира околу пациентот, при што снимањето е лесно и брзо и нема потреба од менување филмови. Снимките веднаш се репродуцираат на мониторот. Снимањето трае навистина кратко и затоа пациентите се изложени на скоро 90% помалку озрачување отколку при традиционалното рентген снимање.

Дигиталните слики овозможуваат увид на детали и можно е да се направат одредени прилагодувања заради подобра видливост на саканиот детал. Ова нешто е од голема помош при дијагностицирањето на проблемот. Сликите исто така може да се чуваат во електронска датотека и на тој начин се постојано на располагање.

Ни еден стоматолошки третман не е целосен од самиот почеток доколку не се направи комплетен увид во состојбата на пациентот, вклучително и рентген панорамска снимка. Таа е важно помошно дијагностичко средство во стоматологијата за идентификација и дијагноза на патолошките промени во орофацијалната регија.

Генерално, на децата им се потребни повеќе рентген панорамикс слики, отколку на возрасните,бидејќи растат и се се менува рапидно. Според Светската Здравствена Организација се препорачува рентген панорамикс слика на секои шест месеци, а по потреба и почесто. Се разбира помалку слики ни се потребни кај пациенти со сочувано орално здравје.

Со примената на најновите научни сознанија и употребата на врвна технологија, современиот стоматолог
денес знае со која техника, процедура, во кое време и за која индикација на пациентот да му препорача и
пружи врвна терапија.

Стоматолошка ординација - Круна МС © 2017. Сите права се заштитени. web design and
development: