MK| EN

Сè од современата стоматологија!

закажете термин на:

(02) 3166-919 или на 071 266 919
профил на
ординацијата
тимот на
Круна МС
видови
на услуги
совети за
здрава насмевка
пред и потоа RTG кабинет детски агол контакт

Тимот на Круна МС

Не постои перфектна насмевка. Постои само перфектна насмевка која Ви одговара само Вам. КРУНА МС ги сплотува научните достигнувања и најновата технологија за да создаде прекрасна насмевка, уникатна како секој наш пациент.

Се трудиме да бидеме најиновативни во полето на естетската стоматологија. Секоj пациент заслужува посебно внимание и сèопфатен преглед со цел да се дојде до крајниот резултат - убава насмевка.

Д-р Радмила Димовска, MSc, PhD

Специјалист по ортодонција

Како Доктор кој прв дипломирал во својата генерација со највисок просек, специјалист по ортодонција, магистериум и докторат од областа на мултидисциплинарниот менаџмент на расцепите, објавени над 100 трудови, студиски престои и обуки низ целиот свет, навлегува и во тајните на anti-aging медицината, естетиката и ласерската стоматологија. Пишува за Bar Code, Нова Македонија, COSMO, Бебе магазин, 24 часа здравје... Член е на ADA (American Dental Association), BAOS - Балканска Асоцијација на ортодонти, Светското здружение за anti-aging медицина, Европското здружение на ортодонти, деловниот совет при унивезитетот American Colledge Скопје. Член е Ротари клубот Камен Мост-Скопје. Веќе 22 години работи во приватната стоматолошка ординација “КРУНА МС” и го живее својот сон.

Д-р Јордан Стојаноски

Специјалист по стоматолошка протетика

Д-р Јордан Стојаноски дипломирал 1998 на Стоматолошкиот Факултет во Скопје. Од 2000 година е редовно вработен во “КРУНА МС”. Во 2010 се стекна со звањето специјалист по стоматолошка протетика. Автор и ко-автор на 40 труда публикувани во релевантни списанија во земјата и надвор. Постојан учесник на сите поголеми конгреси, работилници и работни курсеви од областа на стоматолошката протетика. Член е на Македонското Стоматолошко друштво, Здужението на специјалисти по стоматолошка протетика, ФДИ - Светската организација на стоматолози и Европската асоцијација на протетичари.

Д-р Сергеј Наумовски, MBA

Специјализант по максилофацијална хирургија

Д-р Сергеј Наумовски дипломирал во 2011 година на Стоматолошкиот Факултет во Скопје. Од 2012 година е редовно вработен во Круна МС. Магистер по MBA.

Како најмлад член на тимот го следи развојот и работата на ординацијата, пројавувајќи особен интерес за хирургијата, имплантологијата и менаџментот во стоматологијата. Специјализира максилофацијална хирургија.

Член на Македонското Стоматолошко Друштво и Македонската Стоматолошка Комора.

Сашка Спасовска

Дипломиран забен техничар протетичар

Дипломиран забен техничар протетичар на Вишата Медицинска Школа при Белградскиот универзитет во 2005. Во стоматолошката ординација Круна МС работи од 2008 -та година.

Член на друштвото на забни техничари на Република Македонија. Редовно ги посетува сите курсеви за усовршување и надградување на своето знаење и иновациите кои секојдневно се појавуваат во светот на полето на протетиката.

Андријана Трајковска

Дипломиран забен техничар

Дипломирала во 2014 година како забен техничар на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Напоредно со нејзиното студирање волонтирала во повеќе приватни заботехнички лаборатории во Македонија и Бугарија. Во Круна МС е редовно вработена од 2015-та година. Постојано ги следи иновациите во полето на протетиката, учесник на сите обуки и курсеви со цел усовршување и надоградување на своето знаење.

Стоматолошка ординација - Круна МС © 2017. Сите права се заштитени. web design and
development: