ЕНДОДОНЦИЈА
Ендодонцијата е гранка на стоматологијата која се занимава со превенција, дијагноза и третман на нарушувањата на забната пулпа.
Ендодонтската терапија
Лекување на каналите на коренот има за цел да ги зачува заболените или повредени заби.
Ласерска ендодонтска терапија
Новитет во современата стоматологија е третман на каналот на коренот со Диоден ласер; третман кој нуди нови придобивки на пациентите. Овој нов систем го намалува стравот од зафатот и го подобрува општиот став на пациентите кон стоматологијата. Ласерот користи специјални влакна со различен дијаметар и должина, кои овозможуваат пристап за ефикасно отстранување на ткива од пулпата и забот од ѕидовите на каналите на коренот, а потоа се користат и при подготовка и стерилизација на коренските канали за нивно затворање.