MK| EN

Сè од современата стоматологија!

закажете термин на:

(02) 3166-919 или на 071 266 919
профил на
ординацијата
тимот на
Круна МС
видови
на услуги
совети за
здрава насмевка
пред и потоа RTG кабинет детски агол контакт

Детски агол

Што претставува средството за пополнување вдлабнатини и пукнатини (залевање на фисури)? Како се нанесува?

Површината на забите, која ја користиме за џвакање, не е рамна и изгладена. Исполнета е со мали брегови и долини кои се наречени вдлабнатини и пукнатини. Овие места се сигурно скривалиште за плакот, бидејќи не можат да се исчистат доволно со четкичката или конецот за заби. Некои од вдлабнатините и пукнатините се толку тесни, што дури ни влакното од четкичката не може да навлезе во нив за да ги исчисти. Еден од начините да се спечи појава на кариес на овие места е тие да се затворат со специјален лак, кој се нарекува средство за пополнување на вдлабнатини и пукнатини (залевање на фисури). Доколку стоматологот заклучи дека, за да се заштитат забите од кариес, ти е потребен еден ваков третман, тој или таа најпрво ќе превземе неколку посебни чекори за да ти ги подготви забите за претстојниот третман. Забот најпрво се чисти, а потоа се нанесува раствор од слаба киселина, кој ќе ја редира површината на забот и на тој начин ќе овозможи средството полесно да се сврзе со неа. Целата процедура е брза и безболна. Од голема важност е, за време на целосната процедура, површината на која се работи да е сува и до неа да не дојде плунката. Во спротивно средството за пополнување може да не се сврзе соодветно со површината на забот. Штом ова се заврши, стоматологот го нанесува средството за пополнување вез вдлабнатините и пукнатините на забот. Со помош на специјална светлина, средството се суши и е подготвено за употреба.

Од што е направен конецот за заби? Како функционира?

Плакот од површината на забите не се отстранува во целост само со четкање на забите со четкичка за заби. Четкичката за заби не подстигнува до површината на забите на местата каде тие се допираат еден до друг и под границата на непцето, а плакот може да се наталожи. Овие места се повеќе подложни на кариес. Секојдневно чистење на забите со конец и редовните посети на стоматолог се единствените ефикасни начини за отстранување на плакот.

Факти:
Знаете ли дека околу 35% од површината на забите останува нечиста, доколку не ги чистите со конец? Конецот за чистење забите е направен од влакна (најчесто од најлон), кој потоа се намотува на калем. Доколку не си сигурен како да се користиш со конецот, прашај ги родителите или стоматологот.

  • НЕ ЧЕКАЈ ДА СТАНЕ ПРЕДОЦНА

    Редовно посетувај ја стоматолошката ординација за преглед и чистење на забите. Стоматологот може да ги увиди сите скриени проблеми кои ние не можеме да ги видиме.

  • КОНЕЦОТ Е НАЈКУЛ

    Чисти ги забите со конец еднаш во денот. На тој начин ќе ги исчистиш и оние места каде не достигнува четкичката за заби.

  • ВНИМАВАЈ ШТО ЈАДЕШ И ПИЕШ

    Важно е да имаш добро избалансиран начин на исхрана и да избегнуваш прекумерно грицкање помеѓу оброците - особено лепливи и слатки нешта како бонбоните.

  • БИДИ ВНИМАТЕЛЕН СО НЕПЦАТА

    Редовно прегледувај ги непцата пред огледало. На овој начин ќе можеш да ги забележиш знаците за болест на непцата. Доколку непцата ти се натечени, црвени, осетливи или, пак, крварат и здивот ти мириса лошо, веднаш закажи преглед кај стоматологот.

  • ПОТРЕБНИ СЕ НЕКОЛКУ МИНУТИ ПЛУС ЗА УБАВА НАСМЕВКА

    Барем еднаш во денот внимателно исчеткај ги забите. Запомни, за добро четкање се потребни од 2,5 до 3 минути.

Стоматолошка ординација - Круна МС © 2017. Сите права се заштитени. web design and
development: