MK| EN

Сè од современата стоматологија!

закажете термин на:

(02) 3166-919 или на 071 266 919
профил на
ординацијата
тимот на
Круна МС
видови
на услуги
совети за
здрава насмевка
пред и потоа RTG кабинет детски агол контакт

ШТО СЕ ИМПЛАНТИТЕ?

Имплантите претставуваат еден од најголемите напредоци на модерната стоматологија. Секоја година, десетици илјади луѓе добиваат втора шанса за здрави заби со помош на импланти те. Потенцијалните кандидати за импланти имаат многу прашања во однос на процедурата и резултатите кои се добиваат.

Природните заби се состојат од коронка (делот кој се гледа над непцето) и корен (кој е скриен под непцето, во вилицата). Корените ги држат забите на вилицата. Кога пациентот нема некој заб, стоматологот треба да одлучи како да создаде нова коронка И да најде најдобар начин како таа може да се постави во празнината. Имплантите постојат поради оваа причина. Тие се метални цилиндри кои се поставуваат во вилицата на местото каде биле природните заби, пред да бидат извадени. Овие цилиндри во форма на корени служат да се зацврсти имплантот на местото каде претходно постоел природниот заб. На овој начин, природните заби траат подолго и функционираат подобро. Имплантите се направени од хируршкиот метал наречен титаниум, бидејќи е најкомпактибилен со човечката биологија. Се поставуваат со хируршки зафат и локална анестезија во орално-хируршка ординација. Имплантните системи се тестирани и докажани како многу успешни. Пациентите кои оддржуваат добра орална хигиена и добро се грижат за новите заби можат да го извлечат максимумот, т.е. да се користат со нив цел живот.

Стоматолошка ординација - Круна МС © 2017. Сите права се заштитени. web design and
development: