МИКРОСТОМАТОЛОГИЈА
Микростоматологијата е модерен пристап на стариот проблем на идентификување и дијагноза на заболувања на забите. Со помош на современата технологија и техники, микростоматологијата овозможува рано откривање на кариес и други заболувања на забите. На овој начин е можно да се зачува што поголем дел од забот, а заболувањата да се лекуваат со што помалку инвазивни третмани.
Последните технолошки достигнувања овозможуваат забот да се подготви за реставрација, а при тоа да не се отстранат делови од здравото ткиво.