Профил на ординацијата
Стоматолошката ординација "Круна МС" е основана во 1991 година во Скопје, а од 1994 е сместена во ГТЦ, кула 2, кат 2. Сместена на 150 м2, располага со три стоматолошки стола од германскиот производите Siemens - Sirona кои се опремени со сите функции потребни за личниот комфор и безбедност на пациентот, како и непречено и професионално работење на докторот. Ефектно дизајнираниот енетериер создава деловна, дискретна и релаксирачка атмосфера и сугерира дека посетата на стоматошката ординација не треба да претставува непријатно искуство.
Наша цел е да ја сплотиме иновативноста и науката за да донесеме прекрасна насмевка на Вашето лице.