MK| EN

Сè од современата стоматологија!

закажете термин на:

(02) 3166-919 или на 071 266 919
профил на
ординацијата
тимот на
Круна МС
видови
на услуги
совети за
здрава насмевка
пред и потоа RTG кабинет детски агол контакт

ТРЕТМАН СО НЕВИДИЛИВИ АЛАЈНЕРИ - INVISALIGN

Можеби сте слушнале за новата „безбојна/невидлива/проѕирна протеза“ и се прашувате што всушност е тоа. Доколку имате збиени, премногу разделени заби или заби кои се поместуваат после третманот со традиционалните протези, оваа терапија може да е вистинското решение за вас!
Терапијата се состои во континуирано носење и менување на серија безбојни, невидливи пластични алајнери за заби кои се прават по мерка за секого засебно. Дизајнирани се со цел да ги придвижуваат забите чекор по чекор без брекети или жици. Одлично решение се за сите наши возрасни клиенти, особено за оние кои носеле традиционални протези како деца, и сега, повторно им е потребен третман од овој тип. Алајнерите се исто така мобилни ( се вадат и ставаат), така што не ограничуваат во однос на храната и пијалоците што ги консумирате. Скоро се невидливи, па можете од сè срце да се смеете и за време на третманот. Истражувањата укажуваат дека ова е често и подобро за хигиената на забите во текот на третманот. Тие се удобни за носење и не предизвикуваат алергии.

ПРЕДНОСТИ:

- Скоро незабележливи; - За разлика од металните протези, помалку ги иритираат усните и образите; - Се вадат пред јадење и пиење, при што овозможуваат нормална исхрана; - Се вадат и за чистење, при што е полесно да се исчеткаат забите и непцата.

Колку трае третманот со алајнерите?

Третманот е успешен само додека ги носите алајнерите. Препорачуваме да се носат постојано и деноноќно (најмалку 22 - 24 часа). Секој алајнер се носи во период од две недели (а, потоа се преминува на следниот од низата алајнери) и ги поместува забите милиметар по милиметар, недела за недела, сè додека не се постигне посакуваниот резултат.

Должината на третманот зависи и варира кај секого засебно, по кој следи период на стабилизација и ретенција на постигнатата состојба.

Штом активниот третман заврши, може да се потребни само фини корекции за да се добие перфектна насмевка.

Редовните посети на ортодонт се задолжителни за време на третманот, сè додека не се увиди дека истиот е целосно завршен.

Стоматолошка ординација - Круна МС © 2017. Сите права се заштитени. web design and
development: