MK| EN

Сè од современата стоматологија!

закажете термин на:

(02) 3166-919 или на 071 266 919
профил на
ординацијата
тимот на
Круна МС
видови
на услуги
совети за
здрава насмевка
пред и потоа RTG кабинет детски агол контакт

ШТО Е ОРТОДОНЦИЈА?

Ортодонцијата е гранка на стоматологијата посветена на дијагноза, превенција и третман на проблеми со исправањето на забите и вилиците. Ортодонтскиот третман предвидува дизајнирање и употреба на помагала за корекција, како што се мобилни протези, брекети, микроимпланти, миофункционални помагала, невидливи алајнери и сл., кои се користат за да се постигне правилно поставување на забите и вилиците. КОГА ТРЕБА ДА СЕ ЗАПОЧНЕ СО ОРТОДОНТСКИОТ ТРЕТМАН? Иако ортодонтскиот третман е поволен за секого, на секоја возраст од седум до седумдесет и седум години, идеалниот момент за почеток на третманот е во периодот пред или во раниот период на пубертетот, бидејќи сложеноста и должината на третманот се зголемува пропорционално со возраста на пациентот, раниот третман на денталните малоклузии заштедува време и пари. КОЈ СЕ ЗАНИМАВА СО ОРТОДОНЦИЈА? Само докторите по стоматологија кои завршиле специјализација по ортодонција и имаат континуирана едукација можат да се занимават со ортодонција.

Стоматолошка ординација - Круна МС © 2017. Сите права се заштитени. web design and
development: