MK| EN

Сè од современата стоматологија!

закажете термин на:

(02) 3166-919 или на 071 266 919
профил на
ординацијата
тимот на
Круна МС
видови
на услуги
совети за
здрава насмевка
пред и потоа RTG кабинет детски агол контакт

ПЕТ ЧЕКОРИ ДО ПОДОБРА НАСМЕВКА

Сте се запрашале ли некогаш зошто некои луѓе имаат природна прекрасна насмевка, а некои едноставно се трудат, но неможат да го постигнат саканиот ефект. Верувале или не, тајната на прекрасната насмевка лежи во неколку едноставни чекори кои секој од нас треба да ги превземе. Ви препорачуваме пет чекори кои ќе Ве одведат до прекрасната и бела насмевка:

1. Одвојте доволно време за нега на вашите заби, за да им ја пружите негата која ја заслужуваат

Дали знаете дека за правилно миење на забите ви се потребни 2 до3 минути, иако многумина од нас трошат најмногу 30 секунди. Зошто долгото миење на забите е многу важно? Се е до бактериите. Милиони бактерии живеат во нашата уста. Се хранат со остатоците од храната која останува залепена на нашите заби по секој наш оброк. Производ на ова е киселината која ги разорува нашите заби , нагризувајќи ја глеќта. Благодарение на овој процесс се јавува кариесот. Долготрајното четкање на забите овозможува скоро целосно отстранување на бактериите од сите површини на забите. Со само две до три минути правилно четкање наутро и навечер, ќе кажете збогум на кариесот.

2. Користете конец за заби

Сте слушнале ли дека најмалку еднаш дневно треба да користите конец за заби? Повторно заради бактериите во устата. Бегајќи од четката за заби, бактериите се кријат во недостапните за неа места на забите. Таму тие продолжуваата да се хранат и да продуцираат киселина која ги напаѓа нашите заби. Најлошо е тоа што тие тука се задржуваат многу долго време, го напаѓаат и ткивото околу забот предизвикувајќи негово воспалување. Редовната употреба на конецот за заби ги отстранува бактериите , истовремено отстранувајќи ги проблемите кои тие ги предизвикуваат.

3. Правилна исхрана

Дали сте знаеле дека не се само благите работи се штетни за забите. Бактериите се хранат со шекерите и од останата храна која ја внесуваме секојдневно , како на пример: овошјето, кикиритките, крекерите, компирот, пченката и слично. Особено се опасни продуктите кои се лепат на забите и тешко се отстрануваат, бидејќи на тој начин се константен извор на енергија за бактериите. Што може да направите за да се заштитите? Доброто четкање на забите се разбира е на прво место. Доколку не сте во можност да ги измиете забите, доволно е само да ја исплакнете добро устата за да не ви заостанат парченца храна кои се храна на бактериите. Џвакањето на мастики без шеќер истотака помага, бидејќи на тој начин се стимулира лачење на повеќе плунка која ги мие забите. Таа е природниот чувар на нашите заби.

4. Престанете да четкате премногу силно

Според светските статистики, двајца од тројца пациенти кои се јавиле на стоматолог заради лекување на забите, четкаат премногу силно. Потребен е само мал притисок со четката врз забите за да се отстранат бактериите. За жал најголемиот број од нашите пациенти, аплицираат сила три до четири пати поголема од таа што е потребна. Од употреба на преголем притисок врз забите се оштетуваат и забните вратови, забите стануваат осетливи, непцата почнуваат да крварат, дури може да се појави и кариес на вратот на коренот на забите. Затоа ние ги советуваме нашите пациенти да користат малку сила, а со правилната техника на четкање на забите да ги исчистат забите најдобро што можат, истовремено штитејќи си ги и непцата.

5. Намалете го внесот на кафе или чај во текот на денот

Верувале или не , пиењето на кафе и чај е најголемата закана по вашата насмевка. Дамките од кафе или чај ја менуваат бојата на забите. Вашите природно бели заби , пожолтуваат. Најлошо од се, е навиката кај некои луѓе да пијат кафе или чај по малку во текот на целиот ден. На тој начин ги снабдуваат бактериите со константен извор на шеќер во текот на целиот ден, тие продуцираат киселина која пак ги разорува забите. Истотака пиењето кафе или чај во текот на денот може да предизвика и мали пукнатини на глеќтта на забите, заради внесот на топло-ладна течност и промената на температурата во устата.

автор на текстот:

Д-р Радмила Димовска, MSc, PhD

специјалист по ортодонција

Како Доктор кој прв дипломирал во својата генерација со највисок просек, специјалист по ортодонција, магистериум и докторат од областа на мултидисциплинарниот менаџмент на расцепите, објавени над 100 трудови, студиски престои и обуки низ целиот свет, навлегува и во тајните на anti-aging медицината...

Стоматолошка ординација - Круна МС © 2017. Сите права се заштитени. web design and
development: