MK| EN

Сè од современата стоматологија!

закажете термин на:

(02) 3166-919 или на 071 266 919
профил на
ординацијата
тимот на
Круна МС
видови
на услуги
совети за
здрава насмевка
пред и потоа RTG кабинет детски агол контакт

Победете го лошиот здив

Сите се соочуваме со лош здив од време на време, особено наутро. Лошиот здив се јавува и кога сме гладни, на диета или после јадење храна со јак мирис, како лук, кромид или пушено месо. Тој е многу честа минлива појава што се јавува како резултат на сувост на устата, стрес, глад, јадење одреден вид храна , пушење или лоша хигиена на устата.

Лошиот здив наутро е општ пример за минлив лош здив. Овој вид на лош здив исчезнува сам по себе со помош на гума за џвакање или четкање на забите. Хроничниот лош здив е многу сериозна и постојана состојба која што се јавува со разна јачина кај 25% од населението. Овој вид на лош здив може негативно да влијае на личните и деловни контакти, а може да доведе и до намалување на ссамодовербата и да го зголеми нивото на стрес. Најчесто настанува како резултат од преголем број на бактерии во устата, најчесто од видот стрептокока мутанс, и е состојба за која е потребен специјален третман. Намаленото количество на плунка е една од поголемите причини за Лошиот здив. Плунката има улога на прочистувач и помага при елиминација или намалување на лошиот здив. Штом количината на плунката во устата се намали, бројот на бактериите се зголемува, при што се јавува лош здив. Лошиот здив кој што се јавува како резултат на намалено количество плунка е особено забележлив:

1. Наутро

Протокот на плунка за време на спиење скоро да запира. Како резултат на тоа расте бројот на бактерии и се јавува лошиот здив.

2. Кога сме гладни

Лошиот здив често се јавува кај луѓето кои нередовно јадат или се на диета. Количеството на плунка во устата се зголемува со џвакање на храната во устата. Штом не јадеме, се намалува количеството на плунка во устата, а со тоа расте бројот на бактерии и се јавува лош здив.

3. Кога сме дехидрирале

Во состојба на дехидрација, во устата не се лачи доволно плунка. Оттаму, плунката ја губи моќта на чистење на устата, при што расте бројот на бактерии и се јавува лош здив.

Исто така, лош здив може да имаме и кога се присутни болести што ги напаѓаат плунковните жлезди; При земање одредени лекови; После конзумирање алкохолни пијалоци.

Проблемите со устата и грлото кои што предизвикуваат лош здив вклучуваат:

- Инфекции на устата и грлото, како стрептококна инфекција
- Проблеми со забите, како кариесот
- Болест на непцата, при што се јавува метален мирис на здивот.
- Крајници со длабоки крипти каде навлегува храна
- Рак на грлото или устата.

За подобар здив:

Често плакнете ја устата со вода; Со паста за заби, четкајте ги забите, јазикот, тврдото непце и непцата барем два пати во денот; Чистете ги забите со конец за заби еднаш во текот на секој ден; Придржувајте се на начин на исхрана со мало ниво на маснотии, а изобилство на овошје и зеленчук; Јадете помалку месо;

Не пушете или не користете производи од тутун, како што се тутун за шмркање или џвакање; Јадете на редовни интервали, Диетите или прескокнувањето оброци го намалува количеството плунка во устата ,а со тоа се предизвикува лош здив; Џвакајте гума за џвакање без шеќер, јадете бомбони без шеќер или пијте вода, особено доколку устата ви е сува. Користете освежувачи за здив (ленти или бомбони) кои содржат исти состојки како водичката за испирање на устата; Користете водичка за испирање на устата за привремено да го отстраните лошиот здив; Жабуркајте 30 секунди;

Доаѓајте на редовни стоматолошки прегледи во нашата ординација.

автор на текстот:

Д-р Радмила Димовска, MSc, PhD

специјалист по ортодонција

Како Доктор кој прв дипломирал во својата генерација со највисок просек, специјалист по ортодонција, магистериум и докторат од областа на мултидисциплинарниот менаџмент на расцепите, објавени над 100 трудови, студиски престои и обуки низ целиот свет, навлегува и во тајните на anti-aging медицината...

Стоматолошка ординација - Круна МС © 2017. Сите права се заштитени. web design and
development: