MK| EN

Сè од современата стоматологија!

закажете термин на:

(02) 3166-919 или на 071 266 919
профил на
ординацијата
тимот на
Круна МС
видови
на услуги
совети за
здрава насмевка
пред и потоа RTG кабинет детски агол контакт

ПРОДУКТИ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА УСТАТА И ЗАБИТЕ КОИ ГО СПРЕЧУВААТ КАРИЕСОТ, БОЛЕСТИТЕ НА НЕПЦЕТО И ГО ОСВЕЖУВААТ ЗДИВОТ

Природни Продукти за нега и здравје на уста и заби на список ги нема многу, но имаат предност бидејќи лесно се достапни бидејќи ги имаме насекаде. Тие делуваат лековито и благотворно и внесувајќи ги, ги штитиме забите, устата и целиот дигестивен систем.

Чај

Пиењето чај помага во спречувањето на кариес и парадентоза. Исклучиво корисен е црниот чај, бидејќи ја мие бактеријата која предизвикува создавање плак. Всушност, чајот ја ограничува можноста ензимите да го претвараат шеќерот во леплив слој на забите, кој претставува основа за настанување на плакот.

Јогурт

Јоргутот (без додаток на шеќер) го намалува бројот на бактерии кои предизвикуваат лош здив устата, пропаѓање на забите и болести на непцата. Ова е утврдено после шестмесечно истажување, во кое испитаниците секој ден конзумирале јогурт.Со специфични мерења е утврдено дека нивото на хидроген - сулфид, кој е главниот предизвикувач на лошиот здив, е намален за 80 %, а во добра мера е намалено и нивото на забниот плак, како и појавата на гингивитис, односно воспалени непца.

Суво Грозје

Истражувањата покажале дека фитохемикалиите во сувото грозје го сузбиваат развојот на неколку врсти на бактерии, кои се причинители на кариесот и болестите на непцата. Од друга страна, присуството на олеинската киселина го блокира создавањето на забните наслаги и појавување на плак.

Цимет

Овој зачин и неговото есенцијално масло исто така ги уништуваат патогените бактерии, кои се создаваат во устата, посебно оние кои го произведуваат хидроген - сулфидот, причинителот на лошиот здив. Во отстранувањето на плакот и краиесот, добри резултати се постигнуваат и со мастиките за џвакање со цимет, како и пиењето чај со оваа зачинска билка.

Кора од магнолии

Поточно екстрактите од кората на магнолијата, кои се наоѓаат во мастиките за џвакање или во пеперминтот, ги уништуваат бактериите причинители на лошиот здив. Иако повеќето бомбони со нане го прикриваат непријатниот мирис, само оние кои содржат екстракт од кората на магнолија уништуваат повеке од 61% на микроорганизми за половина час како и бактериите кои доведуваат до појава на кариес.

Сирење , пилешко и ореви

Оваа група продукти обезбедува калциум и фосфор, минерали важни за квалитетот и здравјето на забите . Овие елементи се неопходни за ревитализација на забната глеѓ која ја оштетиле одредени киселини од храната која ја внесуваме. Можеби звучи чудно, но и млекото е чистач на устата и забите затоа што обезбедува калциум кој е неопходен за реминерализацијата на забите.

автор на текстот:

Д-р Радмила Димовска, MSc, PhD

специјалист по ортодонција

Како Доктор кој прв дипломирал во својата генерација со највисок просек, специјалист по ортодонција, магистериум и докторат од областа на мултидисциплинарниот менаџмент на расцепите, објавени над 100 трудови, студиски престои и обуки низ целиот свет, навлегува и во тајните на anti-aging медицината...

Стоматолошка ординација - Круна МС © 2017. Сите права се заштитени. web design and
development: