MK| EN

Сè од современата стоматологија!

закажете термин на:

(02) 3166-919 или на 071 266 919
профил на
ординацијата
тимот на
Круна МС
видови
на услуги
совети за
здрава насмевка
пред и потоа RTG кабинет детски агол контакт

Опасности за забите од носење пирс (pirsing)

Насекаде низ светот, луѓето од раzни религии и култури ги декорираат телата со пирсови. Причините се многубројни. Грците, Римјаните и Египќаните експериментирале со пирсинг на телото. Древните Маи и Ацтеки носеле обетки и пирсови направени од злато, жад и вулканско стакло, а американските индијанци пак користеле слонова коска, бисерни школки и дрво. Пирсовите на усните се исто толку популарни денес како и во минатото, иако има само две племиња за кои со сигурност се знае дека ставале пирсови на усните, племето Нуба во Етиопија и племето Догон во Мали.

Многумина се прашуваат која е целта на било кој вид пирсинг и бележење на телото, како тетовирањето. Одговорот најчесто вели помодарство и влијание од средината и врсниците. Сепак, ваквите одлуки треба внимателно да се донесуваат, бидејќи во одредени случаи резултатот не може да се повлече, ниту измени. Какви и да се намерата и причината, се препорачува советување со стоматологот пред да се донесе конечната одлука. Иако пирсингот на јазикот и усните во моментов е навистина модерно, истото може да предизвика долгорочни проблеми. За секој пирс треба да се внимава со цел да не дојде до инфекција. Двата најчести долгорочни проблеми кои настануваат поради поставување пирс во устата се кршење и трошење на забите и повлекување на непцата. Во некои случаи проблемот ја зафаќа и алвеоларната коска која претставува основа за забите, при што стабилноста и долговечноста на забите се става во опасност.

Пирсингот на јазикот и другите делови на телото може да предизвика разни клинички проблеми. Шрафовите кои се користат за прицврстување на пирсот на јазикот може да предизвикаат поткршување, чувствителност и болка во забите. Исто така, често се јавуваат и проблеми со непцата, при што истите се повлекуваат, воспалуваат, се јавува инфекција и загуба на коскеното ткиво. Во поретки случаи се јавува и оштетување на нервите. Доколку пациентот продолжи со користење, т.е. носење на пирсот, се препорачува советување со стоматологот во однос на фрекфентноста на редовни прегледи. Aмериканската стоматолошка асоцијација посочува уште неколку потенцијални ризици поврзани со пирсови во и на устата, како прекумерно крвавење или оштетување на нервите доколку пирсот не се постави на соодветно место или зафатот го врши неискусно лице; откачување на делови од пирсот во устата и опасност од нивно голтање и гушење; и попречување на говорот, во зависност од местото каде пирсот е поставен на јазикот. Последниот проблем е минимален и краткотраен.

Знаци за инфекција на усната

Неколку знаци и симптоми укажуваат на инфекција на усната okolu пирсот. Јака, остра болка во текот на повеќе од два дена. Оток и црвенило на местото каде е поставен пирсот,iритација, печење и јадеж на и околу местото каде е поставен пирсот,исцедок од местото каде е поставен пирсот, пропратен со непријатен мирис и треска,отекување на лимфните јазли на вратот.Сите горенаведени знаци и симптоми не треба да се игнорираат. Истите треба веднаш да се лекуваат со цел да се избегне ширење на инфекцијата.

Инфекцијата на јазикот е една од најчестите инфекции кои се јавуваат по поставување на пирс на оваа локација од телото. Овие пирсови најчесто тешко зараснуваат. Потребно им е подолго време најчесто заради местоположбата на пирсот.

Доколку не се лечи навремено, инфекцијата може да се прошири на забите и непцата. Пирсовите на jazikot може да се инфицираат од бактерии, како и разни вируси. Бидејќи лекувањето на овие инфекции е навистина комплицирано, најдобро е соодветно да се следат упатствата за нега на пирсот на усната и на тој начин да се избегне било каква инфекција. Штом забележите инфекција, најважно е да не го чепкате инфицираното место. Не допирајте го со прсти и не истиснувајте го исцедокот. Бактериите на прстите може само да се ја влошат инфекцијата и да направат уште поголема штета.

Исто така, не отстранувајте го пирсот, бидејќи на тој начин инфекцијата ќе остане заробена во дупката и ќе се создаде absces полн со гној. Користете антибактериска вода за испирање на устата или измешајте морска сол со вода и испирајте ја устата после секој оброк. Растворот со морска сол ќе го отстрани исцедокот и корупката околу пирсот. Држете топла облога на пирсот два пати во денот за да се намали и исчезне болката и отокот. Отекувањето на лимфните јазли посочува дека инфекцијата е јака. Во овој случај веднаш консултирајте се со nas za da se pre пишат антибиотици.

Ризици при поставување пирсинг на усната и јазикот:

- Формирање на малигни ибенигни тумори околу пирсот
- Инфекција за време на поставување и после поставувањето на пирсот (HIV, хепатитис, габична инфекција и бактерии)
- Прекумерно крвавење.
- Оштетување на нерви.
- Користење на погрешен вид на пирс за местото на кое се поставува. Доколку прстенот е премногу мал, може да го прекине дотокот на крв и да предизвика болка и оток. Од друга страна, доколку прстенот или обетката се премногу големи или потешки отколку што треба, може да се откинат од телото.
Алергиска реакција на металот којшто се користи.
- Лузна.
- Оток на јазикот, поткршени и искршени заби, оштетување на забите и таложење на забен каменец околу пирсот.
- Гушење од откинати делчиња од накитот.
- Попречување на говорот во првите денови по поставување на пирсот.
- Отежнато голтање во првите денови по поставување на пирсот.
- Оток и воспалувањe.

автор на текстот:

Д-р Радмила Димовска, MSc, PhD

специјалист по ортодонција

Како Доктор кој прв дипломирал во својата генерација со највисок просек, специјалист по ортодонција, магистериум и докторат од областа на мултидисциплинарниот менаџмент на расцепите, објавени над 100 трудови, студиски престои и обуки низ целиот свет, навлегува и во тајните на anti-aging медицината...

Стоматолошка ординација - Круна МС © 2017. Сите права се заштитени. web design and
development: