Здравјето на вашите заби доколу имате ОСТЕОПОРОЗА
Дали сте размислувале за ортодонтски третман или третман за порамнување на забите, а потоа сепак да не сте продолжиле со намерата, бидејќи не ви се допаѓала идејата секојдневно да носите протези?
Отеопорозата е често заболување, особено после четириесет и петтата година. Се карактеризира со губиток на густината и цврстината на коската, па кај луѓето заболени од остеопороза често доаѓа до фрактури на коските.
Но што значи ова за вашите заби?
Губитокот на коскената маса секако влијае и на вашите заби и тоа на неколку нивоа:
Доведува до ослабување на коската на вилиците која пак е потпора за забите. Тие не лежат повеќе цврсто во коската, па во почетокот почнуваат само да се луксираат, а подоцна и да испаѓаат од виличната коска.
Предизвикува губење на лигаментарната врска меѓу забите и гингивата, што доведува до појава на периодонтални заболувања пропратени со инфекции на гингивата со ист краен резултат - губење на забите.
Ја зголемува кршливоста на самите заби. Фрактурата на забите, особено доколку е пропратена со луксација и инфекција, е многу тешка за решавање, па овие заби тешко се надоградуваат и почесто се екстрахираат.
Постојат одредени ризик- фактори кои доведуваат до појава на остеопороза како на пример:
Возраста
Наследниот фактор
Дефицит на калциум
Менопауза
Алкохол и пушење
Нередовен и интензивен живот
Некои малигни заболувања
Секако дека постои и начин да ја намалите можноста за појава на остеопороза и тоа со внесување доволно калциум и витамин Д во консултација со вашиот доктор, вежбање и одржување на оптимална тежина на телото, водење здрав живот без никотин и умерено внесување на алкохол и кофеин итн..
Затоа при стоматолошкиот преглед треба особено да се обрати внимание на раните знаци на остеопороза кои се:
Силно изразени и долготрајни проблеми со гингивите
Губење на коската околу забите
Коска со слаба густина на рентген панормикс снимка
Поинтензивно губење на забите
Често разлабавување на протезите
Доколку ги имате овие симптоми, не значи дека имате и остеопороза. Истите можат да бидат пропратни симптоми и на други заболувања. Но доколку постојат подолго време, неопходно е во консултација со вашиот стоматолог да се извршат сите неопходни прегледи за да се исклучи или потврди појавата на остеопороза.
Пациентите со дијагностицирана остеопороза треба да обратат внимание на следново:
Одржувајте беспрекорна хигиена во устата
Почесто правете прегледи кај вашиот стоматолог
Не џвакајте храна со остри рабови
Минимизирајте ја можноста за фрактура на вилицата или забите
Користете четка со меко влакно
При миење на забите правете кружни движења
Четкајте ги забите подолготрајно со слаб притисок