MK| EN

Сè од современата стоматологија!

закажете термин на:

(02) 3166-919 или на 071 266 919
профил на
ординацијата
тимот на
Круна МС
видови
на услуги
совети за
здрава насмевка
пред и потоа RTG кабинет детски агол контакт

БЕЗБОЈНИ ОРТОДОНТСКИ ПРОТЕЗИ - INVISALIGN - ОРТОДОНТСКА АЛТЕРНАТИВА ЗА ВОЗРАСНИ

Дали сте размислувале за ортодонтски третман или третман за порамнување на забите, а потоа сепак да не сте продолжиле со намерата, бидејќи не ви се допаѓала идејата секојдневно да носите протези?

Денес постои решение за сите оние кои сакаат брзо да ја поправат искривената насмевка - револуционарната алтернатива за возрасни-ИНВИСАЛИГН-безбојните ортодонтски протези. Техниката потекнува од САД и во светот постојат само неколку центри за нивна изработка. Безбојните протези имаат одреден број засебни безбојни и подвижни алајнери кои постепено ги исправаат забите. Секоја протеза од сетот е направена од безбојна, скоро невидлива пластика и ја покрива целата површина на забите. Секоја е малку поинаква од претходната и доколку се носи 23 часа во текот на едно деноноќие во период од две недели (пред да се почне со употреба на следната протеза во низата), постепено ги придвижува забите во подобра и правилна положба. Сетот го изработуваме со помош на компјутерска обработка на податоците и дијагнозата за секој пациент засебно.

Резултатите од третманот варираат во зависност од дисциплината и исполнителноста на пациентот за време на третманот. Третманот може да трае во период од 6 месеци до две години. Доколку истиот внимателно го испланираме, овој вид на протези ќе ги исправат и порамнат забите, ќе ги затворат малите процепи помеѓу забите и ќе го решат проблемот со издолжени заби. Возрасните ги преферираат бидејќи може да се отстранат за одредени, важни моменти. Сепак ортодонтскиот третман со безбојни подвижни протези не одговара за секого и возможноста на третманот зависи од случајот на секој пациент засебно. Прв чекор кон третманот е поставувањето соодветна дијагноза на случајот. Дијагнозата ја поставуваме врз база на напредната обука и искуство на полето на ортодонцијата. Истата се поставува со помош на дигитална панорамикс рентген снимка, како и снимка на вилиците и главата, заедно со фотографии и отпечатоци од забите со цел да се направи модел на загризот. Добиените информации се користат за да се одлучи дали третманот со овие безбојни протези е соодветен за дадениот пациент. Примарен фактор за оваа одлука е можноста протезите да ги исправат забите, без да му наштетат на вкупното здравје на забите на пациентот.

Третманот најчесто го препорачуваме за исправување на мала до средна збиеност или простор меѓу забите. Идеален е за пациентите чии заби во позадината на горната и долната вилица соодветно се поклопуваат едни со други. Кај добриот загриз, силите на гризење се дистрибуираат рамномерно долж сите заби од вилиците и на тој начин се заштитува добро состојбата на потпорните парадентални структури, непцата и коската. Лошиот загриз ја изместува рамномерната распределба на силата на гризење при што некои заби се трошат во поголема мера и се изместуваат.

Доколку третманот не се испланира соодветно, може да се јават проблеми со загризот. Исто така може да се јави (иако овој проблем не е уникатен само за овој третман) и повлекување на непцата. Има и други случаи каде забите во задниот дел од вилиците не се преклопуваат соодветно како резултат од несоодветно организиран третман.

Ние,ако единствени кои ја нудат оваа услуга во нашата земја, постигнуваме успешни резултати на лекување со помош на безбојните протези. Потребно е само внимателно и квалитетно планирање на целокупниот третман. Третманот со безбојните протези е поинаков за секој пациент,бидејќи ортодонтските третмани повеќе наликуваат на уметност отколку наука. Планот на третманот и ефикасното и реално придвижување на забите се засноваат на соодветна и внимателно поставена дијагноза и нашето искуство.

автор на текстот:

Д-р Радмила Димовска, MSc, PhD

специјалист по ортодонција

Како Доктор кој прв дипломирал во својата генерација со највисок просек, специјалист по ортодонција, магистериум и докторат од областа на мултидисциплинарниот менаџмент на расцепите, објавени над 100 трудови, студиски престои и обуки низ целиот свет, навлегува и во тајните на anti-aging медицината...

Стоматолошка ординација - Круна МС © 2017. Сите права се заштитени. web design and
development: