MK| EN

Сè од современата стоматологија!

закажете термин на:

(02) 3166-919 или на 071 266 919
профил на
ординацијата
тимот на
Круна МС
видови
на услуги
совети за
здрава насмевка
пред и потоа RTG кабинет детски агол контакт

ИМПЛАНТИ

Луѓето губат заби од било која причина: инфекции, болести на непцето, несреќа или повреда. Во недостаток на природните заби се јавуваат разни проблеми. Останатите заби се поместуваат, ротираат или се искривуваат. Се развива неправилен загриз, со што станува тешко правилно да се сомеле храната во устата. Празнините помеѓу забите можат да ги комплексираат пациентите, со лошата естетика, проблеми во говорот и недостаток на самодоверба. Имплантите претставуваат најголем напредок на модерната стоматологија.

Секоја година, десетици илјади луѓе добиваат втора шанса за здрави заби со помош на имплантите. Доколку правилно се постават, тие ги заменуваат природните заби и ги елиминираат сите проблеми. Пациентите кои имаат импланти велат дека можат подобро да ја сомелат храната, џвакаат како што треба, зборуваат подобро и се посигурни во себе. Заедно со нас треба да одлучите дали сте кандидат за импланти. Ние ќе Ви направиме целосен преглед на усната празнина и дигитална панорамикс рентген снимка и ќе одлучиме дали сте кандидат за импланти без разлика на вашата возраст.

Доколку сте кандидат за импланти, процедурата е следнава:

Хируршкото поставување на имплантот/ите во коската се прави во стоматолошката ординација со помош на локална анестезија. После операцијата следи процес на заздравување, кој трае три месеци за долна вилица и четири месеци за горната вилица. За време на овој период, имплантите се соединуваат со коската преку процес наречен „остеоинтеграција“. По овој период,следи мал хируршки зафат, при што на врвот на имплантот се наддава основата. Основата служи за да ги држи забите кои подоцна ќе се постават. Ова е кратка процедура за која најчесто се користи локална анестезија. Последната фаза е ресторативната фаза. За да се заврши оваа фаза потребни се повеќе посети. Но, штом се заврши, ќе имате нови заби кои изгледаат природно и цврсто.

Долготрајноста на имплантите зависи од многу фактори:

Најпрво, долготрајноста зависи од квалитетот и квантитетот на коската која ја има пациентот. Колку повеќе коска има хирургот на располагање за работа и колку е таа поквалитетна, поголеми се и шансите за поголема долготрајност на имплантот. На второ место доаѓаат искуството и квалификуваноста на хирургот за вакви процедури. Не постои ништо што може да ги замени искуството и талентот на хирургот во извршувањето на хируршки процедури. На крајот, квалитетот на рестраврацијата која се става на имплантатот игра голема улога за должината на животниот век на имплантот. Доколку коронките се лошо изработени, а силата на загризување не е добро избалансирана, и најдобро поставениот имплант нема да може да го исполни максималниот животен век.

Имплантните системи се тестирани и докажани како многу успешни. Всушност, некои од нив имаат животен век од 20 години, со успешност поголема од 90%. Пациентите кои оддржуваат добра орална хигиена и добро се грижат за новите заби можат да го извлечат максимумот, т.е. да се користат со нив цел живот.

Пациентите сами можат да си помогнат на следниот начин:

Да се тушираат со топла вода пред спиење која помага за привремено опуштање на мускулите и е превенција од чкртање со забите. Вежбајте! Само така ќе се ослободите од вишкот енергија и стресот- една од основните причини за појава на бруксизмот.

Ослободете се од стресот - посетете психолог или психијатар кој ќе ви помогне и на тој начин ќе престанете да чкртате со забите. Загрејте се! Едноставно со топла крпа или термофор затоплете ги мускулите на образот и загрејте ја вилицата за да ги релаксирате мускулите.

Масирајте се! доколку масажата помага за целото тело тогаш ќе ви помогне и за мускулите на вилицата. Одморете ги мускулите! престанете на кратко да џвакате тврди работи како на пр. тврдо месо, тврд леб, мастики, пуканки... Избегнувајте алкохол, кафе и цигари.

Сето ова може да ви помогне да си ја олесните болката во зглобот и да превземете контрола над бруксизмот пред да ги претворите своите заби во прашина.

автор на текстот:

Д-р Радмила Димовска, MSc, PhD

специјалист по ортодонција

Како Доктор кој прв дипломирал во својата генерација со највисок просек, специјалист по ортодонција, магистериум и докторат од областа на мултидисциплинарниот менаџмент на расцепите, објавени над 100 трудови, студиски престои и обуки низ целиот свет, навлегува и во тајните на anti-aging медицината...

Стоматолошка ординација - Круна МС © 2017. Сите права се заштитени. web design and
development: