MK| EN

Сè од современата стоматологија!

закажете термин на:

(02) 3166-919 или на 071 266 919
профил на
ординацијата
тимот на
Круна МС
видови
на услуги
совети за
здрава насмевка
пред и потоа RTG кабинет детски агол контакт

Повреди на забите кои најчесто се јавуваат во детската возраст

Често се случува при разни игри, спортување, пад, удар, тепачка, сообраќајна незгода да дојде до повреда на забите. Ова особено важи за помалите деца кои сепак не се толку свесни дека и најобичната детска игра може да доведе до несакани последици. Најчесто се погодени предните заби кои според својата положба се најекспонирани и први на удар. Ова посебно се однесува на оние заби кои додатно се истурени кон напред заради некоја аномалија или лоша навика ( пр. цицање на прст, грицкање моливче и слично).

Како резултат на повредите може да дојде до:

-Разнишување на забот - доколку забот е само разнишан, стоматологот на соодветен начин ќе го прицвсти со соодветна шина.
- Прскање на емајлот - доколку е прснат емајлот, истиот со соодветни естетски материјали лесно може да се надогради. Истото се однесува доколку е скршен дел од забот или забите.
-Втиснување на забот во коската - втиснатиот заб треба да се остави сам спонатано повторно да изникне, се разбира под стручен надзор.

Како најтешка повреда се смета избивање на забот од неговото лежиште - Доколку се работи за млечен заб, родителот треба да не контактира веднаш по повредата по што треба да се санира раната настаната од избивањето на забот и да се утврди со помош на ртг панорамикс снимка дали е случајно оштетен зачетокот на забот или формираниот траен заб. Доколку се работи за траен заб, треба веднаш истиот да се пронајде и внимателно да се измие со млаз ладна вода. ( не треба да трие или мие со сапун ). Доколку родителот може, треба да го врати забот на своето место во вилицата. Во устата на детето да се стави влажно шамивче или памук. Доколку не може, забот треба да се стави во чист сад полн со млеко, солена вода или плунка и во рок не подолг од два часа, ние треба да го вратиме забот на своето место со претходна обработка на раната и да го имобилизираме на соодветен начин.

Колку побрзо се реагира, толку се поголеми шансите забот да биде спасен!!!

Многу е важноповредите да се свататсериозноодпрвиот момент нанастанувањето, бидејќинепостоењетонавидливо оштетувањеназаботнепосреднопоповредата не е гаранцијадекаподоцнанема да дојде до компликација. Препораказародителите: Никогашнемојтесами да проценувате што е со забите? Веднашобратете се кајнасбидејќиниесме тие кои можеме да помогнеме. Се разбира ако се работи за повреда, односно скршеница на вилицата веднаш треба детето да го однесете кај специјалист по максилофацијална хирургија каде на соодветен начин ќе биде згрижено.

Дали забите можат да бидат заштитени од повреди ?

Се разбира. Заштитата на забите и усните опфаќаат цела низа на постапки кои го спречуваат или ублажуваат дејството на силата која ги предизвикува повредите. Спречувањето на повредите во спортот се постигнува со таканаречените орални штитници. Постојат два типа: фабрички кои се купуваат и се адаптираат спрема устата на пациентот или индивидуални кои ние ги изработуваме во нашата ординација со помош на компјутеризан апарат, индивидуално за секој пациент. Штитниците се изработуваат од специјален мек силикон. Тие ги штитат не само забите, туку и усните, образите и јазикот. Детето би требало да ги носи при секаква физичка активност ( при играње фудбал, кошарка, возење ролерки и велосипед, одбојка, ракомет, скијање, гимнастика, бокс итн...) Штитникот треба да биде комфорен за носење и не треба да пречи при говорот. Во спротивно детето нема да го носи, а на тој начин не сме го заштитиле од повредите кои можат да се случат кога најмалку се очекува.

автор на текстот:

Д-р Радмила Димовска, MSc, PhD

специјалист по ортодонција

Како Доктор кој прв дипломирал во својата генерација со највисок просек, специјалист по ортодонција, магистериум и докторат од областа на мултидисциплинарниот менаџмент на расцепите, објавени над 100 трудови, студиски престои и обуки низ целиот свет, навлегува и во тајните на anti-aging медицината...

Стоматолошка ординација - Круна МС © 2017. Сите права се заштитени. web design and
development: