MK| EN

Сè од современата стоматологија!

закажете термин на:

(02) 3166-919 или на 071 266 919
профил на
ординацијата
тимот на
Круна МС
видови
на услуги
совети за
здрава насмевка
пред и потоа RTG кабинет детски агол контакт

Имајте блескава насмевка

Сте се соочиле ли со ситуација каде сте биле поздравени, а не сте можеле да возвратите со насмевка бидејќи не сте се чувствувале пријатно заради состојбата на вашите заби? Белите заби се од голема помош и во социјалниот живот. Убавата и бела насмевка е секогаш предност за сите оние во потрага по партнер. Мажите со бели заби се секогаш добри придружници, додека жените со убави и бели заби се секогаш навистина многу привлечни. Не изненадувајте се доколку се стекнете со многу нови пријателства откако ќе ги избелите забите. Белите заби долго време се сметаат за пријатели на убавината и доброто здравје. Луѓето со бели заби имаат поголема самодоверба и почесто се смеат.

Египјаните биле првите кои користеле паста за заби направена од измелени тревки и оцет. Римјаните, од друга страна, верувале дека урината ги белее забите и го зачувува нивното здравје. Најчестите форми на дисколорација на забите се: стареење, хемиски оштетувања и пребојување,кое е најчесто резултат од пушење, конзумирање кафе, Кока Кола,чај,сокови со вештачки бои,како и црвено вино, иако и одредени лекови можат да предизвикаат значително пребојување на забите. Напредокот на технологијата условува појава на поголем број решенија за здрава и бисерна насмевка. Професионалното белење на забите е најповолната опција. Дури и луѓето со чуствителни заби можат да се подложат на овој третман.

Од оваа причина, повеќето пациенти се одлучуваат за ласерско белење на забите и покрај другите опции достапни на пазарот, вклучувајќи ги и "направи сам"пакетите. Трошоците за ласерско белење може да се повисоки, но пациентите се одлучуваат за третманот поради краткотрајноста и ефикасноста на процедурата.

Постапка за ласерско белење на забите

Постапката на белење започнува со лесно измивање на устата, отстранување на плакот од линијата на непцето и апликација на специјален гел за нивна заштита. Потоа на предната површина на забите се нанесува професионален гел кој е уникатен по тоа што содржи посебна хемикалија, која му овозможува на ласерот да го постигне максимумот во белењето на забите. Штом се зацврсти гелот, започнува ласерскиот третман на забите. Светлината од зракот може да ги обели забите дури за 8 нијанси.

Процедурата на ласерско белење на забите вообичаено трае приближно 1 час. Во екстремни случаи е потребно повторување на третманот до неколку пати, поради длабоките дамки на забите кои се најчесто резултат од тетрациклин или други лекови кои влијаат на бојата на забите. Крајниот резултат е брзо белење на третираниот предел, чија белина трае подолго од онаа добиена со традиционалните методи на белење. Уште една предност на ласерското белење на забите е тоа што ласерот може да се насочи на конкретна дамка (која е проблематична за белење), без притоа третманот да ги зафати сите заби во устата.

Чуствителни заби?

Чуствителноста на забите е честа појава. За разлика од другите опции за белење на забите, овој третман е еднократен и затоа претставува најприфатлива опција за лицата со чуствителни заби.

Ласерското белење на забите е безболно, брзо и неагресивно. Белите и убави заби не може да се заменат. Важноста на белата и убава насмевка не треба да се потцени.

Следните ситуации објаснуваат зошто. Белите заби нудат олеснување на секојдневните социјални и деловни односи. Треба да завршите одредена работа? Моќта на белата насмевка влијае на успехот во поставената цел. Доколку ви е потребна услуга, насмевката често е од голема помош. Секако, не посочуваме дека животот е тежок без чисти и бели заби, но третманите за избелување денес не чинат многу. Затоа, зошто да не ги избелите забите и да го решите проблемот со дамките?

автор на текстот:

Д-р Радмила Димовска, MSc, PhD

специјалист по ортодонција

Како Доктор кој прв дипломирал во својата генерација со највисок просек, специјалист по ортодонција, магистериум и докторат од областа на мултидисциплинарниот менаџмент на расцепите, објавени над 100 трудови, студиски престои и обуки низ целиот свет, навлегува и во тајните на anti-aging медицината...

Стоматолошка ординација - Круна МС © 2017. Сите права се заштитени. web design and
development: