MK| EN

Сè од современата стоматологија!

закажете термин на:

(02) 3166-919 или на 071 266 919
профил на
ординацијата
тимот на
Круна МС
видови
на услуги
совети за
здрава насмевка
пред и потоа RTG кабинет детски агол контакт

Топ 5 ANTI-AGING процедури

“Секој ум на различен начин ја перцепира убавината, бидејќи таа постои само во него”

Хемиски пилинг

Со отстранување на површинските оштетени и изумрени клетки на епидермисот, хемискиот пилинг ја изедначува текстурата на кожата и ја поттикнува обновата на еластичните влакна. Кожата добива помлад изглед, подобра текстура и тенот се изедначува. Пилинзите се контролирани и затоа се подобрува релјефот и структурата на кожата. Лесниот хемиски пилинг не остава никави траги, а кожата сјае веќе по првиот третман.

Мезотерапија

Мезотерапијата е ефикасна, медицинска и традиционална метода со која активните супстанции се инјектираат во средниот слој на кожата, познат како мезодерм. Коктелите за инјектирање се одредуваат по строго познати правила и протоколи и тоа зависно од состојбата која се третира, местото и ефектот кој сакаме да го постигнеме. Мезотерапијата е метода на прв избор кога се во прашање брчки, старење на лицето и рацете како и опуштен тонус на мускулатурата на лицето и вратот.

Ботокс и Филери

Ширум светот, ботоксот е најпопуларната анти-ејџинг процедура. Неговото дејство се гледа веднаш преку парализа на нервните завршетоци кои придвижуваат одредена група на мускули на лицето со што се запира одредена мимика на лицето. На тој начин се елиминира појавата на мимични брчки. Дермалните филери претставуваат чист гел кој што содржи концентриран колаген наречен хиалуронска киселина. Гелот се вбризгува во соодветниот слој на кожата и делува како замена за колагенот, при што овозможува подигнување и подршка. Со нивно вбризгување во кожата, се подмладуваат не само лицето, туку и вратот, деколтето и рацетe.

Белеење на забите

Белењето на забите претставува ефективен начин на осветлување на природната боја на забите без отстранување на делови од нивниот површински слој. Со оваа процедура не се постигнува целосна промена на бојата, туку само осветлување на веќе постоечката. Оваа техника е одличен начин да се добие прекрасна насмевка. Методот е брз, ефикасен и безболен. Предност е што е безболна и ги осветлува забите до 8 нијанси, во зависност од моменталната почетна нијанса.

Ламинати

Дали сонувате за нова насмевка? Дали сакате побели, поголеми, помладешки заби? Дали при тоа сте загрижени за стружењето на забите и отстранувањето на здравата глеѓ од забите? Дали се плашите од болката и анестезијата? Доколку е така, ние ви ги претставуваме ултра тенките порцелански ламинати кои нудат естетика без стружење на забите, без болка и без анестезија. Тоа се тенки порцелански лушпи кои целосно го менуваат ликот и бојата на вашите заби. За само 48 часа ќе имате нова насмевка без анестезии, стружење на забите, без болка и со само 2 посети на нашата ординација.Добрата вест е тоа што доколку еден ден посакате да се врати вашата стара насмевка, тоа е можно на многу лесен начин. Едноставно треба да дојдете во нашата ординација и ние безболно ќе ги отстраниме.

автор на текстот:

Д-р Радмила Димовска, MSc, PhD

специјалист по ортодонција

Како Доктор кој прв дипломирал во својата генерација со највисок просек, специјалист по ортодонција, магистериум и докторат од областа на мултидисциплинарниот менаџмент на расцепите, објавени над 100 трудови, студиски престои и обуки низ целиот свет, навлегува и во тајните на anti-aging медицината...

Стоматолошка ординација - Круна МС © 2017. Сите права се заштитени. web design and
development: